Sony Xperia M4 Aqua - Одржување со помош на компјутер

background image

Одржување со помош на компјутер

Xperia™ Companion

Xperia™ Companion е софтверска услуга што содржи колекција на алатки и апликации што може
да ги користите кога го поврзувате уредот со компјутер. Со Xperia™ Companion, може да:

Го ажурирате или поправите софтверот на уредот.

Пренесувате содржина од стариот уред користејќи Xperia™ Transfer.

Правите резервна копија и обнова на содржина во компјутерот.

Синхронизирате мултимедијална содржина – фотографии, видеа, музика и листи со песни –
помеѓу уредот и компјутерот.

Пребарувате датотеки на уредот.
За да го користите софтверот Xperia™ Companion, потребен ви е компјутер поврзан на интернет
што користи еден од следниве оперативни системи:

Microsoft

®

Windows

®

7 или понова верзија

Mac OS

®

X 10.8 или понова верзија

Дознајте повеќе и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac.

39

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Управување со датотеките со помош на компјутер

Поврзете го уредот со компјутер на Windows

®

со помош на USB кабел за да ги пренесете и да

управувате со своите датотеки.
Штом ќе се поврзат двата уреда, може да одберете дали да го полните уредот, да пренесувате
датотеки или да го користите за MIDI-внесување. Компјутерот ќе го открие уредот кога ќе го
изберете режимот за поврзување Пренос на датотеки (MTP). Стандардниот режим за
поврзување е поставен како Само за полнење.
Со Xperia™ Companion, може да пристапувате до системот на датотеки на уредот. Ако немате
инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го поврзете уредот со
компјутерот.

Секогаш користете го типот USB кабел наменет за вашиот модел на Xperia™ и
проверувајте дали е целосно сув.

Режим на поврзување за USB

Може да го користите режимот за поврзување Пренос на датотеки (MTP) за управување со
датотеките и за ажурирање на софтверот од уредот. Овој USB режим се користи со компјутерите
на Microsoft

®

Windows

®

. Полнењето е вклучен стандардно.

Менување на режимот за USB-конекција

1

Поврзете USB-приклучок со уредот.

2

Повлечете ја лентата за статус надолу и допрете Полнење на уредот со USB.

3

Допрете Пренос на датотеки (MTP).