Sony Xperia M4 Aqua - Заштита на SIM-картичката

background image

Заштита на SIM-картичката

Секоја SIM-картичка во уредот може да се заклучи и отклучи со PIN (Personal Identification Number
- личен број за идентификација). Кога SIM-картичката е заклучена, претплатата поврзана со неа е
заштитена од злоупотреба и при секое вклучување на уредот треба да внесувате PIN.
Ако внесете неточен PIN премногу пати, вашата SIM-картичка ќе се блокира. Тогаш треба да го
внесете вашиот PUK (Personal Unblocking Key - лична шифра за отклучување) и потоа нов PIN. PIN
и PUK броевите ви ги дава мрежниот оператор.

17

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поставување заклучување на SIM-картичката

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Постави заклучување на
SIM-картичка
.

3

Повлечете го лизгачот покрај Заклучи SIM-картич. до положбата Вклучено.

4

Внесете го PIN-кодот на SIM-картичката и допрете OK. Заклучувањето на SIM-картичката
сега е активно и од вас ќе се бара да го внесувате при секое рестартирање на уредот.

За да се промени PIN на SIM-картичката

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Поставки > Безбедност > Постави заклучување на SIM-
картичка
.

3

Допрете го Промени PIN на SIM.

4

Внесете PIN од старата SIM-картичка и допрете OK.

5

Внесете PIN од новата SIM-картичка и допрете OK.

6

Повторно внесете го новиот PIN на SIM-картичката и допрете OK.

Отклучување заклучена SIM-картичка

1

Внесете го PUK кодот и допрете

.

2

Внесете нов PIN код и допрете

.

3

Повторно внесете го новиот PIN код и допрете

.

Доколку внесете погрешен PUK код повеќепати, SIM-картичката ќе се заклучи. Доколку се
случи ова, контактирајте со обезбедувачот на услуги за да добиете нова SIM-картичка.