Sony Xperia M4 Aqua - Наоѓање на идентификацискиот број на уредот

background image

Наоѓање на идентификацискиот број на уредот

Вашиот уред има единствен идентификациски број. Овој број се спомнува како IMEI (International
Mobile Equipment Identity). Треба да чувате копија од овој број. Може да ви треба, на пример, кога
ќе пристапите до услугата за поддршка Xperia™ Care да го регистрирате својот уред. Исто така,
доколку ви го украдат уредот, некои мрежни оператори може да го користат овој број за да го
прекинат пристапот на уредот до мрежата во вашата земја или регион.

Прегледување на бројот IMEI на лежиштето за етикетата

1

Отстранете го капакот од отворот за мемориската картичка.

2

Вметнете го врвот од одвитканата спојница (или некој сличен предмет со долг, остар врв)
во отворот на лежиштето за етикетата, а потоа внимателно повлечете го лежиштето
нанадвор. Бројот IMEI е прикажан(и) на лежиштето.

За да ги видите бројот IMEI, може и да го отворите телефонскиот бирач и да внесете

*#06#

.

Прегледување на бројот IMEI преку поставките на уредот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Информации за
IMEI
.

18

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.