Наоѓање на изгубениот уред
Доколку имате сметка на Google™, веб-услугата „Заштита со my Xperia“ може да ви помогне да го
најдете и обезбедите уредот доколку некогаш го изгубите. Доколку ја активирате оваа услуга на
уредот, може:
•
Да го најдете уредот на мапа.
•
Да репродуцирате предупредување дури и ако уредот е во режимот Не вознемирувај.
•
Далечински да го заклучите уредот и да му ги прикажете вашите контактни детали на тој што ќе го
најде.
•
Далечински да ја избришете внатрешната и надворешната меморија на уредот како последна
опција.
Доколку ја избришавте внатрешната меморија на уредот со помош на веб-услугата
„Заштита со my Xperia“, мора да се пријавите со сметката на Google™ што претходно
била синхронизирана на овој уред при неговото следно вклучување.
Услугата „Заштита со my Xperia“ може да не е достапна во сите земји или региони.
Активирање на заштитата со my Xperia
1
Проверете дали имате активна податочна конекција и вклучете ги услугите за локација на
уредот.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Безбедност > Заштита од my Xperia >
Активирај.
4
Обележете го полето за избирање за да се согласите со одредбите и условите за услугата,
а потоа допрете Прифати.
5
Доколку се побара, пријавете се на вашата сметка на Google™ или креирајте нова доколку
немате.
6
За да потврдите дека Заштита со my Xperia може да го најде вашиот уред, појдете на
myxperia.sonymobile.com и пријавете се со сметката на Google™ што ја користите на
уредот.
Доколку уредот го споделувате со повеќе корисници, услугата Заштита со my Xperia е
достапна само за корисникот што е пријавен како сопственик.
Пронаоѓање изгубен уред со користење на Android™ менаџер на
уред
Google™ нуди услуга на лоцирање и безбедност наречена Android™ менаџер на уред. Можете да
ја користите паралелно или како алтернатива на услугата my Xperia. Ако го загубите уредот,
можете да го употребите Android™ менаџер на уред за:
•
Да го пронајдете и да покажете каде се наоѓа вашиот уред.
•
Да заѕвоните или да го заклучите вашиот уред, да избришете се на него или да додадете
телефонски број на екранот при заклучување.
За дополнителни информации за Android™ менаџер на уред, одете на www.support.google.com.
Android™ менаџер на уред не работи ако уредот е исклучен или ако нема конекција со
Интернет. Услугата Android™ менаџер на уред може да не биде достапна во сите земји
или региони.
19
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Активирање на Android™ Device Manager
1
Доколку користите уред со повеќе корисници, пријавете се како негов сопственик.
2
Проверете дали имате активна податочна конекција и дали се активирани услугите за
локација.
3
Од својот Почетен екран, допрете .
4
Пронајдете и допрете Поставки > Google > Безбедност.
5
Повлечете ги лизгачите до Далечински лоцирај го овој уред и Дозволи
далечинско заклучување и бришење до положбата Вклучено.
6
Ако добиете предупредување, согласете се со условите и одредбите со допирање на
Активирај.
7
За да потврдите дека Android™ Device Manager може да го лоцира уредот откако ќе ја
активирате услугата, појдете на www.android.com/devicemanager и пријавете се користејќи
ја вашата сметка на Google™.
20
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.