Sony Xperia M4 Aqua - Гледање видеа во апликацијата Видео

background image

Гледање видеа во апликацијата Видео

Користете ја апликацијата Видео за пуштање филмови и друга видео содржина зачувана или
преземена на уредот. Апликацијата Видео ви помага и да добиете постери, содржини,
информации за жанрот и детали за режисерот за секој филм. Можете да ги репродуцирате своите
филмови и на други уреди коишто се поврзани на истата мрежа.

Некои видеодатотеки можеби нема да се репродуцираат во апликацијата Видео.

1

Допрете ја иконата за да се отвори менито на почетниот екран на видеото

2

Прикажете го неодамна pепродуцираното видео

3

Повлечете го левиот раб на екранот надесно за пребарување на сите преземени и зачувани видеа

4

Прегледајте ги сите видеа зачувани во уредот

5

Прегледајте ги видеата преку интернет

6

Допрете за да ги репродуцирате зачуваните или преземените видеодатотеки

7

Прегледајте ги опциите на менито за видеото

8

Лизгајте нагоре или надолу за преглед на содржината

Sony Entertainment Network со PlayStation™ Video не е достапен на секој пазар. Важат
дополнителни услови и одредби.

Репродуцирање видео

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа пронајдете и допрете Видео.

2

Пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира. Доколку видеото не е
прикажано на екранот, допрете за да се отвори менито на почетниот екран, а потоа
пронајдете го и допрете го видеото за репродуцирање.

3

Допрете го екранот за да ги прикажете или скриете контролите.

4

За да ја паузирате репродукцијата, допрете . За да ја продолжите репродукцијата,
допрете .

5

За премотување, повлечете го обележувачот на лентата за напредок налево. За брзо
премотување напред, повлечете го обележувачот на лентата за напредок надесно.

Промена на поставките

1

Од својот Почетен екран, допрете , а потоа пронајдете и допрете Видео.

2

Допрете за да се отвори менито на почетниот екран, потоа допрете Поставки.

3

Променете ги поставките по желба.

118

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да ги промените поставките за звукот додека се репродуцира видео

1

Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Допрете > Поставки на звукот, a потоа изменете ги поставките како што сакате.

3

Кога ќе завршите, допрете ОК.

Споделување видеа

1

Кога се репродуцира видео, допрете го , па допрете го Сподели.

2

Допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за споделување на одбраното видео,
па следете ги потребните чекори за испраќање.