Sony Xperia M4 Aqua - Контрола на користењето податоци

background image

Контрола на користењето податоци

Може да го следите количеството податоци што ги испраќа и прима уредот во даден период преку
конекцијата со мобилни податоци или преку Wi-Fi конекцијата. На пример, може да го прегледате
количеството податоци што го користат одделните апликации. Може да поставите
предупредувања и ограничувања за податоците пренесени преку конекцијата со мобилни
податоци за да избегнете дополнителни трошоци.

Прилагодувањето на поставките за користење податоци може да ви помогне да имате
поголема контрола врз користењето податоци, но не може да гарантира дека ќе се
спречат дополнителни трошоци.

Вклучување или исклучување сообраќај на податоци

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

3

Допрете го лизгачот Мобилен сообр. на податоци за да го вклучите или исклучите
сообраќајот на податоци.

Кога сообраќајот на податоци е исклучен, вашиот уред сè уште може да воспоставува Wi-
Fi и Bluetooth® конекции.

Поставување предупредување за користењето податоци

1

Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

4

За поставување на нивото за предупредување, влечете ја линијата за предупредување до
саканата вредност. Ограничувањето на податоците може да го внесете и рачно со
допирање на бројот прикажан покрај линијата. Кога количеството на сообраќајот на
податоци ќе го достигне поставеното ниво, ќе добиете предупредување.

Поставување ограничување за користењето мобилни податоци

1

Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

4

Допрете ја картичката Мобилен.

5

Допрете го лизгачот покрај Поставување ограничување на мобилните
податоци
за да ја вклучите функцијата, потоа допрете OK.

6

За да поставите ограничување за користењето мобилни податоци, влечете ја линијата за
ограничување на податоците до саканата вредност. Ограничувањето на податоците може
да го поставите и рачно со допирање на бројот прикажан покрај линијата.

Откако користењето мобилни податоци ќе го достигне поставеното ограничување,
сообраќајот на мобилни податоци на уредот автоматски се исклучува.

51

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Контрола на користењето податоци од страна на одделните апликации

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

3

Допрете на апликацијата што сакате да ја контролирате, а потоа допира го лизгачот
Ограничи позадински податоци и допрете OK.

4

За да пристапите до поспецифични поставки за апликациите, допрете Поставки на
апликација
и направете ги саканите промени.

Промената на поставките за користење податоци на одделни апликации може да влијае
врз нивната изведба.

Проверување на користењето податоци

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.

3

Допрете , па допрете Прикажи Wi

Fi.

4

За да ги прегледате информациите за количината на податоци пренесени преку Wi-Fi,
допрете ја картичката Wi-Fi.

5

За да ги прегледате информациите за количината на податоци пренесени преку
конекцијата со мобилни податоци, допрете на Мобилен сообр. на податоци.