Sony Xperia M4 Aqua - Поставки на видео камерата

background image

Поставки на видео камерата

За да ги приспособите поставките за видеокамера

1

Активирајте ја камерата.

2

Лизнете со прст на

.

3

За да се прикажат поставките, допрете .

4

Изберете ја поставката што сакате да ја приспособите, па направете ги промените.

108

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Преглед на поставките за видеокамерата

Одбирање сцена

Функцијата за одбирање сцена ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаените
ситуации, користејќи претходно програмирани видеосцени. Секоја поставена сцена е направена
да даде видео со најдобар можен квалитет во одредена околина за снимање.

Автоматски
Одбирањето сцена е автоматско.

Исклучено
Функцијата за одбирање сцена е исклучена и може рачно да снимате видеа.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки заднини.

Пејзаж
Користете ја за видеа на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

Ноќна сцена
Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видеата на
објектите што се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно раката или користете статив.
Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри за да го подобрите квалитетот на видеото.

Плажа
Користете ја за видеа од сцени покрај море или езеро.

Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени видеа.

Спортови
Користете ја за видеа на објекти што се движат брзо. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.

Забава
Користете ја за видеа во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена го користи заднинското
осветлување од затворениот простор или од свеќите. Видеата на објектите што се движат брзо може да станат
замаглени. Држете ја мирно раката или користете статив.

Видеорезолуција

Прилагодете ја видеорезолуцијата за различни формати.

Целосна HD
1920×1080(16:9)
Формат на целосно HD (Full High Definition) со размер 16:9.

HD
1280×720(16:9)
Формат HD (висока дефиниција) со размер 16:9.

VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.

MMS
Снимајте видеа соодветни за испраќање во мултимедиумски пораки. Времето на снимање во овој видеоформат е
ограничено за да ги собере видеодатотеките во мултимедиумската порака.

Режим на фокусирање

Со поставката за фокусирање се контролира кој дел од видеото треба да биде остар. Кога е
вклучен континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот па
така областа во белата рамка на фокусот останува остра.

Поединечен автом. фокус
Камерата автоматски се фокусира на избраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица, означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на
најблиското лице. Можете и да изберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете

109

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

екранот на камерата, жолтата рамка покажува кое лице е избрано и е во фокус. Препознавањето на лица не може да се
користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Следење на објект
Кога ќе изберете некој предмет, така што ќе го допрете во баралото, камерата ќе го следи за вас.

Smile Shutter™(видео)

Користете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид насмевка реагира камерата
пред да снимате видео.

Видео стабилизатор

Кога снимате видео клип, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.

Блиц

Користете го блицот за да снимате видео клипови при лошо осветлување или кога има заднинско
осветлување. Иконата на видео-блицот е достапна само на екранот на видео камерата. Имајте
предвид дека понекогаш квалитетот на видео клипот може да биде подобар без светло, дури и во
услови на слабо осветлување.

Вклучено

Исклучено

HDR видео

Користете ја поставката видео HDR (High-Dynamic Range) за снимање видео при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. Видео HDR компензира за загубата на детали и
произведува слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.

110

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.