Препознавање музика со TrackID™
Користете ја услугата TrackID™ за препознавање музика за да ги идентификувате песните што ќе
ги слушнете во околината. Само снимете краток дел од песната и ќе добиете информации за
изведувачот, насловот и албумот за неколку секунди. Може да ги купите песните што ќе ги
96
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
идентификува TrackID™ и да ги прегледате TrackID™ топ листите за да видите што пребаруваат
корисниците на TrackID™ во светот. За најдобри резултати, користете го TrackID™ во тивка
околина.
1
Пребарувајте песни, албуми и изведувачи
2
Креирајте профил на TrackID™ на интернет
3
Прегледајте ги тековните музички топ листи
4
Прегледајте ги опциите на TrackID™
5
Прегледајте ја историјата на претходни пребарувања
6
Проверете што пуштаат другите
7
Идентификувајте ја музиката што ја слушате
Апликацијата TrackID™ и некои нејзини функции може да не се поддржани во сите
држави или региони или од сите мрежи или обезбедувачи на услуги. TrackID™ може да се
поврзе со услугите за стриминг на музика достапни во вашата држава.
Идентификување музика со помош на технологијата TrackID™
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете TrackID™, потоа држете го уредот близу до изворот на музиката.
3
Допрете . Доколку песната е препознаена од услугата TrackID™, резултатите се
појавуваат на екранот.
За да се вратите во почетниот екран на TrackID™, допрете .
Прегледување на информациите за изведувачот на песната
1
Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, резултатот ќе се прикаже на
почетниот екран на TrackID™.
2
Лизгајте до резултатот што сакате да го прегледате, па допрете го за да се отвори.
Бришење песна од историјата на песни
1
Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа пребарајте ја песната што сакате да ја
избришете.
2
Допрете го и задржете го екранот за да се појави .
3
Допрете .
Користење на TrackID™ LIVE
TrackID™ LIVE може да го користите за да гледате кои песни се репродуцираат во ЖИВО низ
целиот свет во реално време. Постојат два начина за вклучување на TrackID™ LIVE:
•
Допрете на мапата од почетниот екран на TrackID™.
•
Или притиснете , а потоа допрете TrackID™ LIVE.
Може да ја промените брзината на добивање на репродуцираните песни и може да го
вклучувате или исклучувате звукот за приказите на песните.
97
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.