Пристапување до поставки
Видете ги и изменете ги поставките на својот уред од менито Поставки. До менито Поставки се
пристапува од екранот со апликации и од панелот Брзи поставки.
Отворање на менито за поставки на уредот од екранот со апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки.
Прикажување информации за уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот.
Отворање или затворање на паното со брзи поставки
•
За да го отворите паното со брзи поставки, повлечете ја лентата за статус надолу.
Одбирање на поставките за прикажување во паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .
2
Во лентата во горниот дел од екранот, допрете ја и држете ја иконата за брзата поставка
што сакате да ја додадете, потоа повлечете ја и испуштете ја во долниот дел од екранот.
Преуредување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус надолу, па допрете .
2
Допрете ја и задржете ја иконата, а потоа преместете ја кон саканото место.