NFC
Користете Near Field Communication (NFC) за да споделувате податоци со други уреди, како што се
видеа, фотографии, адреси на веб-страници, музички датотеки или контакти. Може да користите
NFC и за да ги скенирате ознаките коишто ви даваат повеќе информации за производот или
услугата, како и ознаките коишто активираат одредени функции во уредот.
NFC е безжична технологија со максимален опсег од еден сантиметар, така што уредите коишто
споделуваат податоци мора да се држат блиску еден до друг. За да може да користите NFC, мора
прво да ја вклучите функцијата NFC, а екранот на уредот мора да биде активен.
Областа за препознавање NFC е лоцирана на задниот дел од уредот. Поставете го уредот блиску
до другиот уред или до NFC-читачот, така што областите за препознавање NFC да се допираат.
NFC можеби не е достапно во сите земји или региони. Доколку користите одредени
апликации, некои NFC-функции може да се вклучени дури и кога уредот е исклучен. Сите
уреди не ја поддржуваат оваа функција.
Вклучување на функцијата NFC
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Повеќе..
3
Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување покрај NFC.
124
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Споделување контакт со друг уред со помош на NFC
1
Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.
2
За прегледување на контактите, појдете на својот Почетен екран, допрете на , па
допрете на .
3
Допрете го контактот што сакате да го споделите.
4
Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од контактот.
5
Допрете ја малата слика за да започне преносот.
6
По завршување на преносот, информациите за контактот се зачувуваат во приемниот уред
и се прикажуваат на неговиот екран.
Споделување музичка датотека со друг уред со помош на NFC
1
Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.
2
За да ја отворите апликацијата Music, допрете , потоа пронајдете и допрете .
3
Одберете музичка категорија и пребарајте ја песната што сакате да ја споделите.
4
Допрете ја песната за да се репродуцира. Потоа може да допрете за да ја паузирате.
Преносот работи без разлика дали песната се репродуцира или е паузирана.
5
Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од песната.
6
Допрете ја малата слика за да започне преносот.
7
По завршување на преносот, музичката датотека се зачувува во приемниот уред и се
прикажува на неговиот екран.
Споделување фотографија или видео со друг уред со помош на NFC
1
Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.
2
За да ги прегледате фотографиите и видеата во уредот, појдете во Почетен екран, допрете
на , па пронајдете и допрете Албум.
3
Допрете на фотографијата или видеото што сакате да се сподели.
4
Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од фотографијата или видеото.
5
Допрете ја малата слика за да започне преносот.
6
По завршување на преносот, фотографијата или видеото се зачувува во приемниот уред и
се прикажува на неговиот екран.
Споделување веб-адреса со друг уред со помош на NFC
1
Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни.
2
Од својот Почетен екран, допрете ја .
3
За да го отворите веб-пребарувачот, пронајдете и допрете .
4
Вчитајте ја веб-страницата што сакате да ја споделите.
5
Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од веб-страницата.
6
Допрете ја малата слика за да започне преносот.
7
Кога преносот ќе заврши, веб-страницата се прикажува на екранот од приемниот уред.
Скенирање ознаки за NFC
Уредот може да скенира разни видови ознаки за NFC. На пример, може да скенира ознаки
вградени на постер, на реклама на билборд или покрај производ во продавница. Можете да
добиете и дополнителни информации, како на пример, веб-адреса.
125
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Скенирање ознака за NFC
1
Проверете дали е вклучена функцијата NFC на уредот и дали екранот е активен.
2
Поставете го уредот преку ознаката така што областа за откривање NFC ќе ја допира.
Вашиот уред ја скенира ознаката и ја прикажува собраната содржина. Допрете ја
содржината од ознаката за да ја отворите.
Поврзување со уред компатибилен со NFC
Може да го поврзете уредот со други уреди компатибилни со NFC произведени од Sony, како
звучник или слушалка. Кога воспоставувате таква конекција, побарајте повеќе информации во
упатството за компатибилниот уред.
Можеби ќе треба да ги активирате функциите Wi-Fi или Bluetooth® на двата уреда за да
може конекцијата да функционира.