Sony Xperia M4 Aqua - Преглед на апликациите

background image

Преглед на апликациите

Некои апликации може да не се вклучени во уредот или може да не се поддржани од сите
мрежи или обезбедувачи на услуги во сите области.

Користете ја апликацијата Часовник за да поставите разни аларми.

Користете го веб-пребарувачот Chrome за навигација и прегледување на веб-страниците
и за управување со обележувачите, текстот и сликите.

Користете ја апликацијата Калкулатор за изведување основни пресметки.

Користете ја апликацијата Календар за да ги следите настаните и да управувате со
состаноците.

Користете ја камерата за да фотографирате и да снимате видео клипови.

Користете ја апликацијата Контакти за да управувате со телефонските броеви, адресите
за е-пошта и другите информации за контактите.

Пристапувајте до преземените апликации, документи и слики.

Користете ја апликацијата Е-пошта за да испраќате и примате е-пошта на личните и
службените сметки.

Пребарувајте и слушајте FM радиостаници.

33

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Користете ја апликацијата Албум за управување, прегледување и уредување на
фотографиите и видеата.

Користете ја апликацијата Gmail™ за да читате, пишувате и организирате пораки по е-
пошта.

Пребарувајте информации во уредот и на веб.

Прегледајте ја тековната локација, пронајдете други локации и планирајте маршрути со
помош на Google Maps™.

Користете ја апликацијата Play Store™ за да најдете апликации за купување или за
бесплатно преземање.

Користете ја апликацијата Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.

Користете ја апликацијата Видео за да репродуцирате видеа на уредот и да споделувате
содржина со пријателите.

Користете ја апликацијата Music за да организирате и репродуцирате музика и
аудиокниги.

Гледајте вести од News Suite.

Остварувајте повици со рачно бирање на бројот или со помош на функцијата за паметно
бирање.

Оптимизирајте ги поставките според сопствените потреби.

Користете ја апликацијата Hangouts™ за да разговарате со пријателите на интернет.

Идентификувајте ги песните коишто ги слушате во својата околина и дознајте
информации за изведувачот, албумот и друго.

Користете го YouTube™ за да гледате видеа од корисниците ширум светот и да ги
споделувате своите.

Xperia™ Movie Creator автоматски креира кратки видеоколажи со помош на постојната
колекција на фотографии и видеа.

Користете ја апликацијата Поддршка за да пристапите до поддршката за корисници во
уредот. На пример, може да пристапите до упатството за корисникот, информациите за
решавање проблеми, како и до советите и триковите.

Користете ја апликацијата Скица за да креирате и истражувате слики, а потоа споделете
ги со светот.

Користете ја апликацијата Што е ново за да откривате нови игри, апликации и медиумска
содржина.

Уживајте во музиката, филмовите, апликациите и игрите на вашиот уред и добијте
ексклузивен пристап до уникатна содржина достапна само на уредите на Xperia™.

Поврзете се со пријателите за играње игри и со игрите што сакате да ги играте, купувајте
од PlayStation®Store и друго.

Заштитете го уредот од вируси, злонамерен софтвер, шпионски софтвер, обиди за
кражба на идентитетот и злоупотреба на интернет.

34

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.